Почна новата сезона во француската Лига 1, а Пари Сен Жермен веројатно ќе изгаси еден оган во своите редови. Сагата околу иднината на Килијан Мбапе, кој досега одбиваше да потпише продолжување на соработката ќе заврши со ставање на потпис на нов договор.
Поради тој проблем, Мбапе не беше во составот на ПСЖ на дуелот со Лориен, а „Канал плус“ објавија вест дека младиот напаѓач го променил мислењето и е спремен да потпише нов договор со францускиот шампион.
Според информациите, 24-годишниот фудбалер седнал на масата за преговори со претседателот Насер ал Хелаифи и изразил желба оваа сезона да игра за ПСЖ. Се очекува двете страни да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот на уште една сезона, односно до летото 2025 година.
Во меѓувреме Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ. Клубот излезе со соопштение:
„По контруктивни, позитивни разговори меѓу ПСЖ и Мбапе пред мечот со Лориен, играчот е вратен во првиот тим“.
Претходно се тврдеше дека Мбапе има договор со Реал Мадрид како слободен играч идното лето. Ако Французинот решил да продолжи со парижани тоа ќе биде сериозен удар за „кралевите“ кои речиси целото лето се занимаваа со неговиот трансфер на „Бернабеу“.
🚨🇫🇷| JUST IN: The optimism is growing in Paris for Kylian Mbappé’s extension. It is no longer ruled out that an agreement can be reached between both parties for a contract extension. @AndiOnrubia pic.twitter.com/txi4UMpQe1
— PSG Report (@PSG_Report) August 12, 2023