Баерн Минхен доживеа дебакл на „Алијан арената“ во дуелот со Лајпциг во Суперкупот на Германија. Лајпциг го освои трофејот благодарение на победата од 3:0 и трите гола на Дани Олмо.
За Баерн дебитираше и Хари Кејн, но фудбалерите на Томас Тухел тотално беа изгубени на теренот. Тухел даде загрижувачка изјава по натпреварот.
„Во овој момент немам објаснување. Лесно примаме голови. Како ништо да не сме направиле во изминатите четири недели. Тоа што денес го покажавме нема никаква врска со тоа како трениравме, со формата и атмосферата. Тоа е алармантно, едноставно алармантно“, порача Тухел.
„Сега немам решение, шокиран сум и разочаран. Ова ми е несфатливо“, додаде Тухел.
За Хари Кејн…
„Не очекуваме од него да биде суперхерој. Треба да го прифатиме каков што е – добро момче, врвен голгетер и пријатна личност. Жал ми е за него што вака тргна. Не треба тој да учи од нас, ние треба да учиме од него“.