Фантастично полувреме во Лондон: 1:1 на „Стемфорд Бриџ“ со уште два поништени голови (ВИДЕО)

125

Одлично прво полувреме со два регуларни и два поништени гола во дербито на стартот на новата сезона во Премиер лигата меѓу Челзи и Ливерпул. По првите 45. минути на „Стемфорд Бриџ“ е 1:1.

Ливерпул поведе со голот на Луис Диаз во 18. минута, по една извонредна асистенција „со очи“ на Мохамед Салах, додека Челзи успеа да израмни преку Дисади во 37. минута.

На 0:1, Салах погоди за 0:2, но голот беше од офсајд, како и оној на Чилвел во 39. минута со кој Челзи можеше брзо да направи комплетен пресврт.

ПретходноПолувреме: Борбено дерби, но без голови на Маџари, ремек – дело на Крстевски во Струмица, Силекс убедлив, води и Тиквеш! (ВИДЕО)
СледноХамилтон и Мерцедес ќе потпишат нов договор пред трката за ГН на Холандија