Хамилтон и Мерцедес ќе потпишат нов договор пред трката за ГН на Холандија

354

Луис Хамилтон и Мерцедес се договориле да потпишат нов договор.

Според голем број италијански изданија, новиот договор на Хамилтон со својот актуелен тим ќе биде објавен веднаш по летната пауза во првенството, а непосредно пред трката за ГН на Холандија.

Во исто време, „Кориере дело Спорт“ повикувајќи се на свои извори, забележува дека станува збор за четиригодишен договор, кој двете страни го договориле на последната заедничка средба.

„Вистинското изненадување е договореното времетраење на договорот. Под услов Мерцедес и Хамилтон да не се кријат зад формулацијата повеќегодишен договор, тоа значи најмалку 4-годишна соработка“, пишува весникот.

ПретходноФантастично полувреме во Лондон: 1:1 на „Стемфорд Бриџ“ со уште два поништени голови (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Нилтињо го “расплака“ Вардар, Тиквеш го „уништи“ Гостивар, убедливи Силекс и Брера, триумф на „лавовите“! (ВИДЕО)