Ѓорческа го загуби финалето во Осијек

102

Иако беше прв носите на фјучерс турнирот во Осијек, Хрватска, сепак, нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го освои истиот.

Загуби во финалето од претставничката на Романија, Анца Алексиа Тодони, која што триумфираше со 2:0 по сетови 6:4, 6:3.

Романката во клучните моменти беше посконцентрирана и ги искористи грешките на Ѓорческа по што и го освои турнирот.

 

ПретходноМанчини си поднесе оставка, Италија во Скопје со нов селектор
СледноЕдер Милитао ги скина лигаментите, следи пауза од шест месеци