Тиквеш попладнево во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ дури со 0:3 успеа да го победи Гостивар и тоа на негов терен. Куреж ја започна серијата голови, Ибиши ја продолжи а точка стави на убелдивиот триумф Ивановски, со гол за конечни 3:0 или 0:3 ако сакате.
Два меча, две победи и максимални шест бода, токму затоа стратегот на кавадарчани Ѓорѓи Мојсов мора да биде задоволен кој за “Спортспорт“ даде изјава по мечот во Гостивар:
“Секако дека сум презадоволен. Браво за моите играчи, секоја чест. Се она што го договоривме тие го исполнија на теренот и затоа победивме. Навистина одигравме квалитетно. Овие добри игри и победи на стартот од сезоната се должат на многу фактори. На спојот на младоста и искуството, на квалитетот на нашите играчи, на борбеноста, залагањето, секако и деталното анализирање на противникот. Сакам да кажам и браво за Гостивар. Браво за европскиот прием што денеска го имавме. И покрај убедливиот пораз тие искрено ни честитаа на победата. Ако вака се однесуваат сите домашни екипи секако дека ќе биде многу поубаво да се игра фудбал во Македонија. Уште еднаш големо браво за Гостивар“ изјави Мојсов.