Бараме резултатска рехабилитација против Естонија

169

Кошаркарската репрезентација на Македонија по вчерашниот дебакл на стартот на олимписките претквалификации против Израел и поразот од дваесетина поени разлика, денеска ќе се сретне со домаќинот Естонија во рамките од второто коло.

Нас овој меч ни е пресуден за понатамошниот развој на настаните, секако доколку сакаме, а секако дека сакаме пласман во следната рунда.

Домаќинот на турнирот Естонија е далеку од квалитетот на Израел, и тука ние мора да се пронајдеме, и играчки и резултатски.

Простор за нов кикс секако дека нема, па избраниците на селекторот Јончевски денеска од 18:00 часот ќе мора да одговорат на предизвикот и да заиграат далеку поквалитетно од вчрашниот дуел. Пред се тука се мисли на одбраната каде што ќе мора да се искачиме ниво погоре, за да стигнеме до посакуваната цел.

„Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија.

Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од т.н. ‘втора шанса’. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе денес играме со домаќинот кој на вчерашниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале.  Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход“– изјави нашиот селектор Јончевски.

ПретходноБелгија ни се реваншираше за стартниот пораз
СледноФулам се пофали со Адама Траоре