Како гром од ведро небо дојде денеска информацијата од Италија дека Роберто Манчини, на само помалку од еден месец од дуелот со Македонија, си поднел оставка од местото селектор на „аѕурите“. И тоа неотповиклива.
Сега се појавуваат разни шпекулации за овој потег на Манчини, а последнава говори дека тој веќе има договор со Фудбалскиот сојуз на С. Арабија набргу да ја преземе најдобрата репрезентација на таа земја.
Се разбира понудата е баснословна, веројатно ни тој не им одоела на силните петро долари од С. Арабија.