Нашиот најдобар кошаркарски судија Игор Митровски, во друштво на своите колеги Оскарс Лучис од Летонија, односно Карстен Штраубе од Германија, ќе ја делат правдата на натпреварот Италија-Шпанија, кој ќе одлучи кој ќе биде новиот европски шампион во кадетскат конкуренција односно за играчи „Под 16“ години.
Големото финале на првенството во Скопје стартува од 21.часот, а се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Инаку, освен Игор Митровски, меѓу официјалните лица на турнирот беа и неговиот брат Зоран Митровски, и Томи Панов, кои исто така, сосема добри го реализираа својот дел од обрските кои пред нив ги постави судискиот департмент на ФИБА.