ПМФЛ: Нилтињо го “расплака“ Вардар, Тиквеш го „уништи“ Гостивар, убедливи Силекс и Брера, триумф на „лавовите“! (ВИДЕО)

734

Попладнево се одиграа петте мечеви од 2.коло во ПМФЛ. Во скопската пресмета, Шкупи како гостин го победи Вардар на Маџари и тоа со голот на Нилтињо во 79.минута. “Комити“ направија убава атмосфера на Маџари, Вардар можеше и до бод, но Матеус во 90.минута ја погоди пречката.

Брера Струмица со 2:0 ја победи Воска Спорт и тоа со мајсторскиот гол на Крстевски, а стрелаше и Руфати.

Силекс со 2:0 го победи Работнички со двата гола постигнато уште во првото полувреме и тоа по катастрофалните грешки на одбраната на гостите.

May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text

Македонија ЃП со голот на Славков ја победи Брегалница, а Тиквеш со 0:3 просто го „уништи“ Гостивар на негов терен. Стрелци на головите за кавадарчани беа Куреж, Ибиши и Ивановски.

Мечот меѓу Шкендија и Струга ТЛ ќе се игра на 30 август.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО

БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 2:0

(Крстевски 15., Руфати 86./)

ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0:3

(/Куреж 39., Ибиши 51., Ивановски 64.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1:0

(Славков 78.)

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Каланоски (п) 5., Ристовски 21./)

ВАРДАР – ШКУПИ 0:1

(/Нилтињо 79.)

30.08.2023 – 16 ч

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

 

 

ПретходноХамилтон и Мерцедес ќе потпишат нов договор пред трката за ГН на Холандија
СледноФОТО: И кога губи “Комити“ се со Вардар!