Шкупи на второто гостување на Маџари оваа сезона дојде до првата победа. Попладнево во големото дерби со Вардар, како гостин тимот на Шкупи со голот на Нилтињо дојде до првата победа во новата сезона.
И како што е обичај, по мечот чаирчани со победничко селфи од соблекувалната на стадионот “Борис Трајковски“ испратија порака…Ние сме Шкупи!
Сепак треба да се каже дека далеку потешко од очекувањата стигнаа до трите бода, а малку недостигаше да останат без неа ако Матеус во судиското продолжение место пречката ја погодеше мрежата на тимот од Чаир.