Рома остана без уште еден играч – Матиќ оди во Рен

182

Поранешниот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ ја напушта Рома само седум дена пред почетокот на сезоната во Серија А. Српскиот фудбалер добил финансиски одлична понуда и по неколку денови убедување со Жозе Мурињо и Рома добил дозвола да ја промени средината.
Матиќ ќе потпише за француски Рен. Рома се надеваа на 10 милиони евра, но Рен не можеше да плати толку па двете страни се договориле за три милиони евра. Сепак, Матиќ кој има 35 години изразил желба за нов предизвик во кариерата па го одбрал Рен.
Рен го напуштија Роџер Ибањез кој премина во Ал Ахли и Џастин Клајверт кој го засили Борнмут.

ПретходноРеал триумфално во Билбао, дебитантски гол на Белингем (видео)
СледноТухел по катастрофалниот пораз на Баерн: Ова е алармантно