Скопска класика: Вардар VS Шкупи, дерби за фудбалски мераци

409

 

По цели 2,5 години одново скопското дерби, скопската класика на сцена. Вардар против Шкупи, дерби за фудбалски мераци. Попладне од 17 часот на стадиониот во Маџари еден против друг клубови, тимови кои имаат голем број фанови, кои кога играат меѓусебе Скопје е во некој друг елемент.

Јасно е дека по се она што се случуваше со Вардар и “Комитите“, трибината во Маџари на “Борис Трајковски“ ќе биде преполна. Убаво ќе беше враќањето на Вардар во елитата неговите фанови да го прослават со меч на Арената, но тоа е веќе друга приказна.

Јасно е дека на Маџари ќе “врие“, и на Вардар и на Шкупи бодовите им се потребни ако се знае дека и двете екипи на стартот од сезоната беа поразени. Вардар на гостувањето во Струмица од Брера, а Шкупи токму на Маџари, на истиот стадион каде што и денеска ќе гостува, од Работнички.

Да, тимот од Чаир е фаворит, барем на хартија. Објективно има подобар тим, има шампионски амбиции.

Но, кој може да го отпише Вардар предвреме,посебно кога игра пред своите фанови, кога “Комитите“ ќе го дадат тој максимум во навивачка смисла. Секако дека ќе биде супер интересно, оваа скопска фудбалска класика треба да се негува поради безброј причини, но фудбалските се приоритет.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text that says '1 maKeAoHcKa NEXT. лиra MATCH FK VARDAR VS FC SHKUPI 13 AUGUST 2023 17:00 BORIS TRAJKOVSKI TRAJI STADIUM'

Ова дерби меѓу Вардар и тимот од Чаир датира уште пред 25 години, кога тогаш Слога Ј беше во преден план.

Инаку ако се сметаа само дуелите со Шкупи, Вардар има далеку поодобар меѓусебен скор. Одиграни се 23 официјални меча, Вардар победил на 11 а Шкупи само на 4, додека дури осум завршиле без победник.

Вардар – Шкупи, дербито започнува во 17 часот, нека биде само фудбал…

ПретходноНејмар е еден чекор до Ал Хилал… или до позајмица во Барселона?
СледноФиладелфија сака да го задржи Харден, а тој не сака да тренира