Фулам се пофали со Адама Траоре

101

Тимот на Фулам го потпиша крилниот напаѓач Адама Траоре. Шпанецот пристигнува на „Крејвен Котиџ“ како слободен играч откако му истече договорот со Вулверхемптон. Тој потпиша договор до 2025 година со опција за продолжување на уште 12 месеци.

“Ова е одлична можност за мене. Отворам нова страница. Ми се допаѓа клубот и добив информации и од Раул Хименез кој се чини дека е заљубен во овој клуб. Возбуден сум и подготвен да дадам 100 % за Фулам“,  – изјави Траоре по потписот.

“Возбуден сум што можам да му посакам добредојде на Адама Траоре во Фулам. Тој е експлозивен и борбен крилен напаѓач, со голема брзина и неверојатно искуство во Премиер лигата. Добро го познавам бидејќи играше против нас на многу натпревари. Среќен сум што потпиша на две години. Ајде, Фулам!“, изјави извршниот директор Тони Хан.

ПретходноБараме резултатска рехабилитација против Естонија
СледноМоџи: Јувентус ќе биде претендент за Скудетото