Манчестер Јунајтед – Вулверхемптон 1:0 е епилогот на вечерашниот меч на “Олд Трафорд“, пред 73.000 гледачи, во рамките на 1.коло во новата сезона во Премиерлигата.
Рафаел Варан погоди за победа во 76.минута кога убаво се снајде пред голот на “волците“, брилјантен беше Онана на голот на Јунајтед. Одбрани барем неколку зицери на гостите и бепе просто несовладлив. “Волците“ одиграа одлично, искреираа повеќе шанси, додека Јунајтед блед, анемичен. Сепак и со таква игра четата на Ерик тен Хаг успеда дојде до триумф на стартот во новата сезона.
Сепак ваков Јунајтед тешко дека ќе може да се вмеша во битката за титулата.
Треба да се каже дека во првиот дел Јунајтед бараше пенал откако еден гостински фудбалер играше со рака, но не го доби.
GoaL | Raphael Varane , 🏴 Manchester United 1-0 Wolverhampton
💰 Bet It All 200€ Welcome Bonus – https://t.co/g2fCjdaobI
📺 Follow our main account @FootColic 🌟🌟📺 Watch on website: https://t.co/ce5pGFjIbB pic.twitter.com/TQuVEL31FO
— (@FootColic) 👈- Follow that! THIS ACC WILL CLOSE (@FCloumss) August 14, 2023