Струга и ова лето ќе биде во центарот на вниманието, во овој град по 51. пат ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир. Македонскиот вицепрвак, Алкалоид е во групата А заедно со Динамо Панчево и АЕК, додека во групата В се наоѓаат, Струга, Есклистуна ГУИФ и скопски Вардар 1961.
Стартот на турнирот е закажан за во среда, први на теренот ќе се истрчаат Струга и Вардар 1861, додека по оваа средба следува мечот меѓу Алкалоид и Динамо Панчево.
„Струшкиот турнир има богата традиција и претставува еден од најстарите турнири на Балканот и во цела Европа. Овој турнир се претвора во платформа за истакнување на млади играчи и перспективни репрезентативци. Како Агенција за млади и спорт, ние веќе многу години го поддржуваме овој турнир и му нудиме нашата поддршка, следејќи го истиот образец и во другите спортови. Ракометот се почитува како најважниот спорт во нашата земја. Очекувам турнирот во Струга да помине во најдобро светло“, истакна Мојсовски на денешната прес-конференција.
Овој турнур има поддршка од Ракометната федерација на Македонија.