Барселона носи промашување од 127 милиони евра?

568

Барселона сака да го доведе Жоао Феликс, пишува Goal. Кога пристигна во Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година, беше платен 127 милиони евра и сè уште го држи рекордот како најскап играч во историјата на мадридскиот клуб.

Но, Португалецот не ги оправда очекувањата и замина на позајмица во Челзи, но таму остана шест месеци.

Сега не го сака ниту Атлетико Мадрид, а голем интерес за него покажуваат клубови од Саудиска Арабија. Сепак, јавно изјави дека сака да замине во Барселона, што може да го донесе на крајот од преодниот рок. Барселона во замена би го понудила на Атлетико Ансу Фати.

ПретходноДали Спалети ќе биде селектор на Италија зависи од Де Лаурентис!
СледноОфицијално: Каиседо во дресот на Челзи! (ВИДЕО)