Гичевска продолжува во Романија!

94

Македонската репрезентативка, Леонида Гичевска се сели во Романија, таа следната сезона ќе го носи дресот на Стинта Букурешт.

Гичевска во романскиот шампионат доаѓа откако минатата сезона беше дел од француски Бесанкон.

Покрај овој тим, таа во Франција настапуваше и за Ле Пузен, а беше дел од екипата на Локомотива Загреб. Во својата кариера до сега ги носеше и дресовите на Вардар, Металург и Куманово.

Во Романија, во Втората лига, ќе играат Сања Дабевска, Јована Саздовска и Јована Мицевска.

ПретходноИсторија: Нејмар е првиот играч од плус 300 милиони фунти
СледноКошаркарите веќе во февруари, со помош на „Фалангата“ ќе имаат шанса да им се одмаздат на Естонците!