Дали Спалети ќе биде селектор на Италија зависи од Де Лаурентис!

133

Италијанската репрезентација пред септемвриските мечеви со Македонија и Украина остана без селектор, откако Роберто Манчини си поднесе оставка. Во овој момент раководството на тамошната фудбалска федерација е во потрага по нов предводник, а според италијанските медиумите најблизу е Лучано Спалети.

Екс-тренерот на Елиф Елмас никогаш не бил селектор, за него ова ќе биде голем предизвик, но за да се реализира евентуалниот договор има проблем. Во неговиот договор со Наполи има клаузула дека мора да се платат 3 милиони евра отштета ако сака да стане тренер некаде на друго место пред 2024 година.

Според најавите се очекува состанок меѓу Антонио Гравина и Аурелио де Лаурентис, на кој првиот човек на Италијанската федерација ќе го убедува првиот човек на Наполи да ја прости сумата од три милиони евра. Останува да видиме дали Де Лаурентис ќе се смилува.

ПретходноУ-19: Македонија ја победи Грузија, Данев стрелец а Јакимов одбрани пенал! (ВИДЕО)
СледноБарселона носи промашување од 127 милиони евра?