Доктор за трансфери: Мурињо за „џабе“ донесе засилување од ПСЖ!

830

Жозе Мурињо со ново добро завршената работа уште еднаш покажа дека е мајстор за трансфери. Предводникот на Рома осигура одлично засилување од ПСЖ, станува збор за Леандро Паредес.

Двата тима постигнаа договор, а францускиот првак за него ќе добие четири милиони евра.

„Наскоро Леандро ќе отпатува за Италија и ќе потпише договор до 2025 година со можност за продолжување на уште една година“, најави Фабрицио Романо.

Веднаш по пристигнувањето во ПСЖ, Луис Енрике јасно му порача на Паредес да не смета на него и тој почна да бара нов клуб.

Прво го поврзуваа со Лацио, а потоа и со тимот на Галатасарај, но кариерата ќе ја продолжи во Италија, но во Рома.

 

ПретходноКошаркарите веќе во февруари, со помош на „Фалангата“ ќе имаат шанса да им се одмаздат на Естонците!
СледноУ-19: Македонија ја победи Грузија, Данев стрелец а Јакимов одбрани пенал! (ВИДЕО)