Историја: Нејмар е првиот играч од плус 300 милиони фунти

751

Нејмар е дефинитивно е фудбалерот за кого најмногу се зборува денеска. Бразилецот е нов играч на Ал Хилал, само ја чекаме официјалната потврда од ПСЖ и клубот од Саудиска Арабија.

Тој потпиша двегодишен договор, денеска ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стане нов играч на Ал Хилал.

Добро знаеме дека е рекордер кога станува збор за обештетувањето, му беа исплатени 198 милиони фунти, односно 222 милиони евра, а Англичаните пресметале уште еден интересен податок.

Нејмар е првиот играч во историјата на фудбалот кој ја надмина бројката од 300 милиони фунти кога е во прашање кумулативното обештетување.

Сантос од Барселона доби 50,8 милиони фунти, ПСЖ му плати 198 милиони фунти, а Ал Хилал 77,6 милиони фунти, според последните информации.

Вкупно – 326,4 милиони фунти или 379 милиони евра.

ПретходноПачовски: Откажав поради клупски обврски!
СледноГичевска продолжува во Романија!