Италија ги одбра 12-те кошаркари за Мундобаскетот

152

По последниот пријателски натпревар кој го одиграа, Италијанците веќе ги одредија 12-те кошаркари со кои заминуваат на Мундобаскетот. Италија го совлада Порторико со 98-65 на тест-меч во Равена вчера, остварувајќи ја својата петта последователна победа пред Светското првенство.

На крајот од натпреварот, селекторот Џанмарко Поцеко ги направи последните кратења во составот пред Светското првенство кое тргнува на 25 август. Тој им се заблагодари на Томас Волдетенсае и Гуљелмо Карузо, кои нема да патуваат на СП.

Италија на Мундобаскетот ќе отпатува со следниот тим:

Луиџи Датоме

Марко Спису

Стефано Тонут

Николо Мели

Симоне Фонтекио

Џампаоло Ричи

Матео Спањоло

Ахиле Полонара

Мухамет Диуф

Лука Северини

Габриеле Процида

Александро Пајола

„Аѕурите“ ќе имаат два дена одмор па во среда заминуваат за Азија. Прва станица ќе им биде во Шенжен, Кина, каде ќе ги одиграат последните две пријателски средби пред дебито на Светското првенство.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Кепа на голот на Реал Мадрид
СледноОдбојкарите добија слободен ден, од утре заеднички тренинзи со Јапонците