Кадетски репрезентативец е ново засилување на Е. Пелистер 2

112

Ракометниот суперлигаш Е. Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Како што објавијаод клубот, нов член на битолскиот состав е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески. Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Е. Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим на вториотс остав на Е. Пелистер. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години.

ПретходноРуфати уверен: Брера може и повеќе, ќе се бориме за излез во Европа
СледноОФИЦИЈАЛНО: Кепа на голот на Реал Мадрид