Мбапе се откажал од 40 милиони евра за да се смири со ПСЖ

619

ПСЖ го врати Килијан Мбапе во тимот, само затоа што се согласил да се откаже од бонусот за лојалност кој требаше да го добие на крајот на договорот. Како што јавуваат инсајдери од клубот, Французинот се согласил на опцијата да се откаже од 40 милиони евра кои требаше да ги добие како бонус за лојалност во ПСЖ откако ќе го одработи договорот до крај следната година, со што автоматски клубот нема да му бара продолжување на договорот и тој ќе може како слободен играч да замине во Реал (М).

Парижаните веќе најавија враќање на напаѓачот во тимот по „многу конструктивни и позитивни преговори“. Актуелниот договор на Мбапе е до летото 2024 година, а ПСЖ сакаше да го продолжи до 2025 година, со загарантиран трансфер на напаѓачот во Реал Мадрид на крајот од сезоната 2023/24.

ПретходноОткако ја загуби битката за Каиседо: Ливерпул преговара со играч на ПСВ
СледноРуфати уверен: Брера може и повеќе, ќе се бориме за излез во Европа