Реал Мадрид утрово и официјално го објави потписот на голманот Кепа Аризабалага кој доаѓа на „Бернабеу“ на позајмица од Челзи. 28-годишниот шпански голман ќе биде замената за сериозно повредениот Куртоа до крајот на сезоната, без опција за трајно купување.
Реал Мадрид можеше многу брзо да реагира по веста за тешката повреда на Куртоа и веднаш се засили со нов голман.
Кепа беше во Челзи од 2018 година, одигра 163 настапи, а прими 175 гола.