Поранешен играч на Ливерпул го засили Бешикташ

174

Напаѓачот Алекс Окслејд Чембрлејн го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната во Премиер лигата и како слободен играч му се приклучи на турскиот Бешикташ. Англискиот фудбалер потпишал тригодишен договор и стана шестиот нов играч во „црно-белите“ редови.
Окс е поранешен репрезентативец на Англија со 35 настапи и седум голови, а играше уште за Арсенал и Саутемптон.
Бешикташ ова лето ги донесе уште Анте Ребиќ од Милан, потоа централниот бек Даниел Амартеј од Лестер, Емреџан Булут од Сомаспор, Артур Масуаку од Вест Хем и Жан Онана од Ленс.

ПретходноФонсека до португалските клубови: Ве молам, не тргувајте со руските клубови
СледноСити без Де Брујнe, Диас и Стоунс против Севиља во Суперкупот