Руфати уверен: Брера може и повеќе, ќе се бориме за излез во Европа

354

Екипата на Брера Струмица имаше одличен почеток на новата сезона. Во првите две кола ребрендираниотс трумички тим славеше двапати на домашен терен и најави битка за висок пласман оваа сезона во ПМФЛ.

По средбата своите размислувања за победата над Воска Спорт во второто коло ги даде и едно од новите засилувања за Брера, Агрон Руфати.

„Очекувавме тежок натпревар. И двете екипи покажаа дека заслужуваат да бидат дел од првата лига. На денешниот меч Воска покажа дека заслужува прволигашки фудбал. И покрај победата од 2:0 убеден сум дека можеме повеќе. Верувам дека може да бидеме на самиот врв на табелата, ако бидеме конкретни, верувам дека можеме да се избориме за пласман во Европа. Од утре почнуваме да размислуваме за Струга ТЛ“, вели стрелецот на вториот гол за струмичани.

ПретходноМбапе се откажал од 40 милиони евра за да се смири со ПСЖ
СледноКадетски репрезентативец е ново засилување на Е. Пелистер 2