Манчестер Сити остана без тројца важни играчи поради повреди. Еден од најважните играчи во средниот ред Кевин Де Брујне се повреди на мечот со Барнли.
„Кевин е разочаран, но мора да внимаваме. Де Брујн мора да одмара, а мислам дека ќе паузира неколку недели“, изјави Гвардиола.
Де Брујн го повредил задниот бутен мускул и ќе го пропушти европскиот Суперкуп кој ќе се игра во среда како и неколку натпревари на Сити.
Поради повреда и Рубен Диас ќе го нема во протоколот за мечот со Севиља. Тој се повреди на тренинг пред дуелот со Барнли, а неговата повреда не е сериозна и тој ќе се врати идната недела.
И Џон Стоунс се повреди на мечот со Барнли и нема да биде подготвен се до мечот со Њукасл во сабота. Тоа значи дека ќе го пропушти Суперкупот со Севиља.
„Нема да отсуствува долго. Ги повреди препоните, ќе го нема на мечот со Севиља, а ќе видиме за мечот со Њукасл“, изјави Пеп.