Дома Ракомет Домашно првенство Струга ќе биде ново уживање за ракометните „гурмани“

Струга ќе биде ново уживање за ракометните „гурмани“

186

Струга и ова лето ќе биде во центарот на вниманието, во овој град по 51. пат ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир. Македонскиот вицепрвак, Алкалоид е во групата А заедно со Динамо Панчево и АЕК, додека во групата В се наоѓаат, Струга, Есклистуна ГУИФ и скопски Вардар 1961.

Стартот на турнирот е закажан за во среда, први на теренот ќе се истрчаат Струга и Вардар 1861, додека по оваа средба следува мечот меѓу Алкалоид и Динамо Панчево.

„Струшкиот турнир има богата традиција и претставува еден од најстарите турнири на Балканот и во цела Европа. Овој турнир се претвора во платформа за истакнување на млади играчи и перспективни репрезентативци. Како Агенција за млади и спорт, ние веќе многу години го поддржуваме овој турнир и му нудиме нашата поддршка, следејќи го истиот образец и во другите спортови. Ракометот се почитува како најважниот спорт во нашата земја. Очекувам турнирот во Струга да помине во најдобро светло“, истакна Мојсовски на денешната прес-конференција.

Овој турнур има поддршка од Ракометната федерација на Македонија.

„Нас ни е драго што оваа спортска манифестација има сериозен интегритет што се одржува многу, многу наназад. Сакам да истакнам дека РФМ низ сиве овие години дава максимална поддршка на оваа спортска манифестација. Од аспект на организациски дел, имаме искуство, знаеме како тоа ќе се спроведе. Очекуваме да има многу возбудливи натпревари и да биде уживање за секој спортски љубител“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски кој беше дел од денешната промотивна прес конференција за турнирот. 
ПретходноКлуб од Еквадор ќе заработи 27 мил.евра од трансферот на Каиседо
СледноНеверојатно: Партизан билетите за реваншот со Сабах ги продава по 160 денари!!!