УЕФА размислува дали да и го одземе на Грција финалето во Конференциската лига?

217

УЕФА е загрижена поради минатонеделните немири во Атина и размислува да го премести финалето на Конференциската лига во 2024 година.

Атина треба да биде град-домаќин на финалната средба на 29 мај, но во Нион сега се во дилема и не е исклучена крајна можност за поместување на финалето.

Во понеделникот во близина на стадионот на АЕК беше убиен навивач на грчкиот тим, а полицијата допрва треба да утврди кој е убиецот меѓу осомничените кои се уапсени.

Сепак, податокот дека мечот меѓу АЕК и Динамо беше откажан поради големи нереди, уште повеќе ги загрижува луѓето во УЕФА. Пред да се донесе каква било одлука, најавено е дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ќе разговара со грчкиот премиер Константинос Мицотакис веќе во среда, на денот на натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Севиља и Манчестер Сити. Тој треба да разговара и со градоначалникот на Атина и со претседателите на четирите атински клубови.

ПретходноЃорческа напредуваше едно, Ивановски падна две места на најновите ранг-листи
СледноОткако ја загуби битката за Каиседо: Ливерпул преговара со играч на ПСВ