У-19: Македонија ја победи Грузија, Данев стрелец а Јакимов одбрани пенал! (ВИДЕО)

713

По оние 2:6, попладнево многу подобра игра на нашата млада репрезентација и победа од 1:0 против соодветната селекција на Грузија, и тоа во пријателски меч одигран попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје.

Рековме веќе, нашите надежи одиграа сосема квалитетно, покажаа карактер и со голот на Данев во 66.минута успеја да ја победат силната селекција на Грузија.No description available.

Да кажеме дека во 70.минута гостите не реализираа пенал, односно Прекриашвили шутираше но нашиот голман Јакимов одлично реагираше и успеа да го одбрани тој шут на репрезентативецот на Грузија.

Селекторот Тони Јакимовски на овој меч сметаше на следните играчи: Јакимов, Аризанковски, Каба, Стоилевски, Славков, Нухија, Назифи,Николовски, Данев, Величковски, Ѓ. Џеков. Во записникот беа и: Љ. Џеков, Таири, Митров, Сакипи, Стојановски, Нурединовски, Митревски, Михолов, Богдановски, Ливорека.

ПретходноДоктор за трансфери: Мурињо за „џабе“ донесе засилување од ПСЖ!
СледноДали Спалети ќе биде селектор на Италија зависи од Де Лаурентис!