Фонсека до португалските клубови: Ве молам, не тргувајте со руските клубови

316

Aктуелниот тренер на Лил, Пауло Фонсека со отворено писмо ги замоли португалските клубови да не работат со руските клубови. Некогашниот стратег на Шахтјор Доњецк, Порто и Рома е разочаран со информацијата дека неговиот поранешен клуб Брага, како и Бенфика, сакаат да продадат некои од своите фудбалери во Русија.

Тој им порача на португалските клубови да го погледнат примерот на Сасуоло кој одби да го продаде Рожерио на Спартак Москва.
Изминатата недела прочитав дека Бенфика и мојата Брага размислуваат да ги продадат Чикињо и Тормен на руски клубови. Бенфика, која понуди помош на Украина на почетокот на војната и Брага со која раководат чувствителни луѓе со големи срца.

Пред две недели руски клуб се обиде да го купи левиот бек на Сасуоло Рожерио. Италијанскиот клуб одби да влезе во преговори и соопшти дека од етички причини поврзани со војната, никогаш нема да го стори тоа.
Се гордеев, мислејќи дека „мојот свет“ е сепак пример. Ги повикувам Бенфика и мојата Брага да го следат примерот на италијанскиот клуб.

Знам дека времето минува, а луѓето во нивните домови веќе не обрнуваат многу внимание на вестите поврзани со војната во Украина. Но, секој ден Русија продолжува да убива луѓе и особено невини деца, можеби некои од нив седат дома и гледаат фудбалски натпревар.

Знам едно, ако Бенфика и мојата Брага прават бизнис со руски клубови, овие пари ќе капнат со крвта на децата кои умираат секој ден во Украина. И многу од овие деца го сакаа фудбалот“, напиша Фонсека на Твитер.

ПретходноЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ
СледноПоранешен играч на Ливерпул го засили Бешикташ