Чави бесен на судијата: За нас свирна се, за Хетафе ништо!

495

Тренерот на Барселона, Чави беше револтиран од судењето на првиот меч на актуелниот шпански шампион во новата сезона на Ла Лига кој „блауграна“ го одигра без голови (0:0) на гостувањето кај Хетафе.

Во првото полувреме, крилниот напаѓач на Барса, Рафиња беше исклучен, а напаѓачот на Хетафе Хамес Мата беше исклучен во второто полувреме. Чави доби црвен картон од судијата Сезар Сото Градо во вториот дел поради расправија со судиите.

„Му реков на судијата дека на Хетафе им прости многу фаули, но не и нам. Затоа ме исклучи. Моето исклучување не е важно. Важно е што се случи на теренот. Се обидувавме да победиме, но не успеавме. Мислам дека заслуживме да победиме, но тоа не беше доволно. Штета. Исклучувањето на Рафиња е одраз на сето она што не требаше да се случи на теренот. Свесни бевме како ќе игра Хетафе. Тоа е нивна игра, тоа е во ред“, вели лутиот Чави.

ПретходноДивјачки старт на Рафиња, исклучен и Чави…Барса само до бод кај Хетафе! (ВИДЕО)
СледноОсимен се согласил на нов договор со Наполи вреден 10 милиони евра по сезона!