Англиските премиерлигаши Челзи и Брајтон вчера и официјално се договориле за купопродажбата на првотимецот на Брајтон Мојсес Каиседо за 115 милиони фунти.
Каиседо се сели во Лондон како најголем трансфер во историјата на Премиер лигата, а токму „сините“ го држеа и досегашниот рекорд купувајќи го Енцо Фернандес од Бенфика за околу 105 милиони фунти.
Каиседо ќе потпише договор со лондонскиот тим до јуни 2031 година, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона. Овој 21-годишен фудбалер во Брајтон дојде пред две години од еквадорскиот клуб Индепендиенте за пет милиони евра. Најпрво беше на позајмица во Белгија, а потоа заигра за Брајтон.
Каиседоденеска треба да пристигне на лекарски прегледи во Лондон.