Стефан Митрев е причината поради која Шкупи треба да плати тренинг компензација од 90.000 евра на два тима од Швајцарија. Младиот голман кој во јануари дојде на „Чаир“ а сега веќе замина од клубот и ќе брани за второлигашот Кожуф имал „нерасчистени“ документи со екипите на Баден и Арау кои од ФИФА побарале сима која им следува според правилата за престојот на Митрев во нивните младински екипи.
Грешка која скапо се плаќа и изнесува околу 10% од буџетот на клубот за голман кој нема настап за тимот кој лани ја загуби и шампионската титула од Струга Трим Љум. Шкупи скапо ја плаќа оваа грешка со огромна сума која на годишно ниво не ја заработува ниту еден фудбалер во клубот од „Чаир“ . По добиениот допис од ФИФА за отштетата и висината на тренинг компензацијата гласно се коментира дека станува збор за превид или „местенка“ од менаџерите кои посредувале при трансферот на младиот голман во Шкупи.
Постапка за тренинг компензација и тоа двојна од оваа се води и против Академија Пандев.