Интер го враќа Марко Арнаутовиќ на „Меаца“

161

Серија А почнува на 20 август, а Интер успеа да донесе уште едно засилување за наредната сезона. Како што пренесуваат италијанските медиуми „нероаѕурите“ ќе бидат посилни за Марко Арнаутовиќ.
Искусниот австриски напаѓач се враќа на „Џузепе Меаца“ 13 години после првиот престој кога имаше несогласувања со Жозе Мурињо и мораше да напушти.

Арнаутовиќ ќе потпише договор на две години вреден три милиони евра по сезона, додека на Болоња ќе и припаднат 10 милиони евра како обесштетување.
Останува да се види како ќе се договорат двата клуба – дали ќе биде позајмица за два милиони со откуп од осум милиони евра како што предлага Интер или ќе биде онака како што бара Болоња – осум милиони евра веднаш и уште два милиони во форма на бонуси.

ПретходноОдбојкарите добија слободен ден, од утре заеднички тренинзи со Јапонците
СледноЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ