Осимен се согласил на нов договор со Наполи вреден 10 милиони евра по сезона!

98

Виктор Осимен е многу блиску до продолжување на договорот со Наполи.

Според „Скај Спорт Италија“, според новиот договор, кој ќе важи до летото 2026 година, Осимен ќе добива повеќе од 10 милиони евра по сезона. Клаузулата за ослободување ќе биде 150 милиони евра и ќе биде активирана за клубови од странство по 2024 година. За италијанските клубови, ослободувачката клаузула може да биде активирана по 2025 година.

Со оваа информација паѓа во вода најавата за негова преселба во екипата на Ал Хилал.

ПретходноЧави бесен на судијата: За нас свирна се, за Хетафе ништо!
СледноЧелзи повторно го урна рекордот во Премиер лигата: За Каиседо плати 115 милиони евра!