Откако ја загуби битката за Каиседо: Ливерпул преговара со играч на ПСВ

539

Откако им пропадна планот за купување на Каиседо од Брајтон, првите луѓе на Ливерпул сега бараат солуција за да ја пополнат дупката во средниот ред која остана по заминувањето на Фабињо. Медиумите блиски до „црвените“ тврдат дека во моментов пред Ливерпул е само една отворена опција: Ибрахим Сангаре фудбалерот на холандски ПСВ.

Инсајдерот на ПСВ, Рик Елфринк, на „Твитер“ објави дека по неуспешниот обид на „црвените“ да го купат Каиседо, сега почнале да разговараат со преставниците на клубот од Ајндховен за репрезентативецот на Брегот на Слонова коска. Претходно отпадна и опцијата за купување на Ромео Лавија, па сега Сангаре, за кого е заинтересиран и Баерн (М), е најреална опција за Клоп.

25-годишниот Сангаре има откупна клаузула од 32 милиони фунти, која се чини нема да биде проблем за Ливерпул.

ПретходноУЕФА размислува дали да и го одземе на Грција финалето во Конференциската лига?
СледноМбапе се откажал од 40 милиони евра за да се смири со ПСЖ