Струга ТЛ има историска шанса во своето второ излегување во Европа да дојде до плеј – офот во Лигата на Конференции. Имено во четврток вечер од 20 часот, момците на стратеот Шпетим Дуро ќе го одиграат реваншпт мечот од 3.квалификациско коло на гости кај Есперанж. Првиот меч во Скопје заврши со резултат 3:1, сите три гола ги постигна маестралниот Бесарт Ибраими.
Попладнево на својот тренинг камп во Струга, нашиот евро претставник го одработи тренингот. На сите во клубот, а посебно на играчите, во мислите им е само Есперанж.
Утре наутро ќе се одработо уште еден тренинг а потоа околу 14 часот експедицијата на Струга ТЛ ќе лета од Охрид за Дортмунд, па потоа со автобус ќе се отпатува за Луксембург.
Сите се свесни во таборот на нашиот шампион дека оваа шанса не смее да се испушти.