Ѓорческа напредуваше едно, Ивановски падна две места на најновите ранг-листи

101

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи скок од една позиција на најновата ВТА ранг-листа објавена денеска. Откако успеа да се пласира во финалето на ИФТ Фјучерсот во Осијек, каде за жал беше поразена, нашата тенисерка напредуваше едно место на официјалното рангирање кај дамите и оваа недела е на 247 место со 290 освоени поени.

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски, кој денеска почнува со настап на Челинџер турнир во Полска, оваа недела е две места подолу на АТП листата со пласман на 308. место.

ПретходноЧелзи повторно го урна рекордот во Премиер лигата: За Каиседо плати 115 милиони евра!
СледноУЕФА размислува дали да и го одземе на Грција финалето во Конференциската лига?