Балканска работа: На Србин му пропадна топ трансфер бидејќи неговиот татко сакал да ќари повеќе!

1076

Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ требаше да направи трансфер во кариерата заминувајќи од Удинезе во Интер, но италијанските медиуми пишуваат дека се пропаднало, а како главен виновник го посочуваат неговиот татко.

Според пишувањата во Италија неговиот татко се обидел да вклучи и трет агент за да извлече што повеќе пари од Интер, иако веќе бил договорен трансферот на неговиот син.

Во Интер сфатиле што се обидува да направи таткото на Самарџиќ и веднаш го известил младиот играч за врска дека трансферот нема да се случи се додека неговиот татко е вклучен во бизнисот.

Интер се откажа од трансферот вреден 16 милиони евра, што ги шокираше челниците на Удинезе, кои се бесни поради однесувањето на семејството на Самарџиќ, кое непокането се вклучија во преговорите за да добијат бонус.

ПретходноФилип Деспотовски е нов тренер на Тетекс
СледноСтруга Трим Лум посилна за Георгиевски и Камбери