Македонскиот младински репрезентативец Бехaр Фета ја продолжува кариерата во Марибор, дознава „Спортспорт“. Левиот офанзивен бек, роден во Скопје од Воска спорт направи трансфер во 16-кратниот словенечки шампион.
Инаку Фета има само 19 години, дете е на Шкендија, а во Воска Спорт дојде минатата година. Неговите квалитети ги забележаа и Словенците кои одлучија да го донесат во своите редови.