Де Лаурентис кон ФИГЦ: Ќе нѝ платите ако го сакате Спалети за селектор

178

Роберто Манчини ја напушти клупата на Италија, па од Фудбалската федерација (ФИГЦ) се во потрага по нов селектор. Претседателот Габриеле Гравина и другите членови на ФИГЦ го пикирале Лучано Спалети за нов предводник на „Аѕурите“ меѓутоа наидоа на кочница – од Наполи!

Првиот човек на италијанскиот шампион Аурелио Де Лаурентис не дозволува Спалети да седне на клупата без да добие обесштетување. Наполи и Спалети имаат договор до 2024 година, а италијанскиот стручњак одлучи да го напушти клубот по завршување на минатата сезона и освојувањето на титулата.
После неколку неуспешни разговори, Наполи му дозволи на Спалети да си замине, а на негово место дојде Руди Гарсија.

Сепак, Де Лаурентис потсетува дека договорот на Спалети не е истечен и дека ФИГЦ ќе мора да плати 3 милиони и 250 илјади евра за да ја активира клаузулата. А сумата не сака да ја плати ни ФИГЦ ни Спалети.
Побарав гаранции и да се почитува законот и клаузулата во договорот. Ако Федерацијата одлучи да го ангажира Спалети, ќе мора да ја плати откупната клаузула. Се работи за принцип, италијанскиот фудбал мора да престане со аматеризмот“, изјави Де Лаурентис.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Де Брујнe во „аут“ неколку месеци
СледноИвановски поразен на стартот на челинџерот во Полска