Денеска, конечно, по неколку дневно одложување поради немилите настани во Атина, ќе се одигра првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Динамо Загреб и АЕК.
Првично дуелот требаше да се игра минатата недела, во Атина, но поради навивачките нереди и смртта на еден од поддржувачите на АЕК, истиот УЕФА го одложи и го пренасочи во Загреб.
Сега, мечот ќе се игра пред полни трибини, а Динамо секако овојпат е фаворитот.
Нашиот интернационалец Стефан Ристовски секако во преден план, но овојпат за прв пат откако јавно се откажа од настапите за нашата А репрезентација.
Мечот почнува од 20:00 часот.