ОФИЦИЈАЛНО: Давид Раја стана конкуренција на Рамсдејл на голот на Арсенал

91

Арсенал го објави трансферот на голманот Давид Раја од Брентфорд. Лондончани го позајмија 27-годишниот шпански чувар на мрежата на една сезона за три милиони фунти, а во договорот стои и клаузула за откуп во висина од 27 милиони фунти.
Фудбалерот ќе го носи дресот со број 22.
Раја минатата сезона одигра 38 натпревари за Брентфорд, а на 11 меча не прими гол. Така „топчиите“ имаат две добри опции на голманската позиција затоа што го имаат и Арон Рамсдејл.

Претходно се зборуваше дека Раја ќе оди во Интер како замена на Андре Онана меѓутоа „нероаѕурите“ го ангажираа искусниот Јан Зомер од Баерн.

ПретходноПропадна трансферот на Мегваер во Вест Хем
СледноБехaр Фета направи трансфер од Воска во Марибор