Арда Гулер успешно опериран

152

Новитетот во тимот на Реал Мадрид, турската сензација, Арда Гулер, е успешно опериран откако се повреди на подготовките во САД.

Неговото колено пројави аномалија, а од Реал првично планираа истата да биде санирана без оперативен зафат.
Сепак, потоа беше одлучено дека операција сепак, е потребна, а истата беше извршена во Мадрид.

Гулер би требало да одсуствува околу еден месец, и ќе направи кам бек во септември по репрезентативната пауза.

 

ПретходноШпанија стигна до историско финале
СледноОфицијална одлука на УО на ФФМ: Милевски селектор до крајот на квалификациите