Госенс станува најскапото засилување во историјата на Унион Берлин

212

Германскиот играч за врска Робин Госенс пристигна во Берлин за да потпише договор со Унион, кој се пласираше во Лигата на шампионите за првпат во својата историја. Германскиот репрезентативец ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор до 2027 година, а Унион ќе плати 15 милиони евра за неговите права на Интер.

Така Госенс ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Унион Берлин и за првпат ќе игра во Бундеслигата. Германецот ја започна својата професионална кариера во холандски Хераклес, пред да се пресели во Италија каде играше за Аталанта и Интер.

ПретходноДинамо на Ристовски капитулираше на „Максимир“, Копенхаген ја доби драмата во Прага (ВИДЕО)
СледноАл Ахли си „собра“ и турски репрезентативец за 20 милиони евра