Грчки АЕК оствари голема победа во првиот меч од 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите вечерва на гостувањето во Загреб против хрватскиот шампион Динамо. Тимот на нашиот Стефан Ристовски иако имаше предност од 1:0, на крајот по 90 минути борба излезе од „Максимир“ со наведнати глави и пораз од 1:2.
Булат со еден прекрасен погодок ги доведе домашните во водство, а Зубер и Галанопулос им ја донесоа победата на гостит. Реваншот во Атина ќе биде клучен за тоа кој од овие два тима ќе оди во плеј-офот.
Marko Bulat 40’
Dinamo Zagreb – Aek (1-0)
— ZporHub (@zporhub) August 15, 2023
🚨 Steven Zuber 60’ 🚨
D.Zagreb – AEK (1-1)pic.twitter.com/dyvoZqNCP6
— ZporHub (@zporhub) August 15, 2023
🚨 Konstantinos Galanopoulos 90+1 🚨
D.Zagreb – AEK (1-2)
— ZporHub (@zporhub) August 15, 2023
Дебакл доживеа српскиот состав на Бачка Топола кој на домашен терен загуби од португалска Брага со 4:1. Гостите до 20. минута веќе водеа со 4:0.
Пласман во плеј-офот обезбедија и фудбалерите на ФК Копенхаген и тоа по подобро изведување на пенали. Данците одиграа 1:1 во Прага против Спарта, а во продолжението беа постигна 4 гола за ново реми – 3:3. Гостите беа поприсебни во пенал-серијата и славеа за пласман во следната рунда.
Галатасарај и вторпат ја совлада словенечка Олимпија, овој пат со 1:0 и се пласираше во следната рунда.