Денеска видовме далеку поинаква игра од нашите кошаркари во Талин, но само едно полувреме. За жал тоа не беше доволно за нешто повеќе, Чешка во третата четвртина ја осигура победата, на крајот славеше со 94-82.
Македонија овие претквалификации за ОИ ги заврши со три порази и повторно го вклучи алармот. Иако во составот ги немаше Димитријевиќ, Јакимовски и Крстевски, како и Николов и Мекиќ, сепак пораката и од ова лето е една – репрезентативната кошаркарска иднина и натаму е дискутабилна. Тонеме…
Македонија отвори со 0-4, противникот брзо врати и поведе со двоцфрени 19-8, но избраниците на Александар Јончевски се вратија во мечот, по првата четвртина намалија на 19-16, а веќе во следниот период до пред имаа и водство. Со серија од 6-0 поведоа со 28-32, а потоа и со 30-35, но некако пред самиот крај на овој период паднаа. Чешка казни, на одморот замина со позитива од шест коша.
Противникот не застана со серија од 15-4 после три минути игра поведе со највисоки 60-43. Јончевски повика тајм-аут, Шортс погоди тројка, но тоа не беше доволно.
Кошаркарите на Чешка дојдоа на плус 23 во 27 минута (69-46) и благодарение на добрата игра во третата четвртина успеа да ја сочува позитивата до крајот и да се радува на пласман во следната рунда во битка за место на ОИ.
Шортс со 27 поени беше прв стрелец, по 13 поени имаа Војдан Стојановски и Андреј Андоновски, кој е единствената светла точка на овој турнир.