Актуелниот македонски првак денеска го игра првиот меч на турнирот во Добој. Пелистер ќе се соочи Ал Ахли, дуелот е закажан со почеток во 19:10 часот. За битолчани овој турнир ќе биде вистински тест пред стартот на новата сезона во која ќе играат во Лигата на шампиони.
„Овој турнир е екстра – квалитетно натпреварување, има голема традиција, најстар турнир на Балканот. Овие мечеви ќе бидат добар тест за сите нас пред почетокот на сезоната.
Се подготвувавме за Ал-Ахли, станува збор за квалитетен ривал. Ќе одигравме максимално, ќе дадеме се од себе да ги почнеме овие подготовки со позитивен резултат“, изјави Ненад Костески.
Пелистер веќе утре ќе се соочат со Слога Добој, додека 17 август ќе играат против Монпелје.